דפים בנושא:   [1 2] >
Сосем нова на ПроЗ
מפרסם התגובה: Oeilet (X)
Oeilet (X)
Oeilet (X)
Local time: 08:13
מצרפתית למקדונית
+ ...
Jul 9, 2009

Почитувани колеги
Браво за извојуваната битка за воспоставување на македонски форум.Јас сум сосем нова на Проз(да живее Интернетот).За жал многу доцна дознав дека воопшто постои и како функционира целиот систем.
Немам намера да загрозувам некого напротив,сакам да с�
... See more
Почитувани колеги
Браво за извојуваната битка за воспоставување на македонски форум.Јас сум сосем нова на Проз(да живее Интернетот).За жал многу доцна дознав дека воопшто постои и како функционира целиот систем.
Немам намера да загрозувам некого напротив,сакам да се приклучам на здружението за кое веќе сте се договориле.Веројатно ова се однесува најмногу на модераторот г-от Мустафа па љубезно го молам да ми одговори или тој или некој друг поактивен член секако доколку има време и не е отиден на одмор.Се надевам на понатамошна соработка и секако поблиско запознавање.
Однапред ви благодарам.
Со почит,


Викторија К.Китановска
Collapse


 
Sherefedin MUSTAFA
Sherefedin MUSTAFA
הולנד
Local time: 08:13
מהולנדית לאלבנית
+ ...
Добродојдвте Jul 9, 2009

Добар ден Викторија,

За почеток сакам накратко да ве поздравам. Секој нов член на овој форум е добродојден и се надевам дека ќе имате многу корист од вашето членство и дружењето со нас.

Македонскиот форум е млад по историја и богат по искуство, затоа чувствувај
... See more
Добар ден Викторија,

За почеток сакам накратко да ве поздравам. Секој нов член на овој форум е добродојден и се надевам дека ќе имате многу корист од вашето членство и дружењето со нас.

Македонскиот форум е млад по историја и богат по искуство, затоа чувствувајте се слободна да прашувате доколку ви е потребна било која информација или објаснување за работи кои ве интересираат.

Сигурен сум дека нашите колеги ќе најдат време да одговорат и да ве упатат на прав начин. Понекогаш е потребно трпение додека некој од нас најде време меѓу бројните професионални обврски кои ги имаме, за да реагира.

Што се однесува до процесот на оснивањето на македонско здружение на преведувачи ќе бидам многу краток: оснивањето е во тек и штом сите работи ќе се разјаснат оснивачкиот одбор резултатите на својата работа ќе го објави и на овој форум.

Поздрав,
Шерефедин Мустафа
Collapse


 
Kitanovska
Kitanovska
Local time: 08:13
מצרפתית למקדונית
+ ...
Прашања Jul 11, 2009

Почитуван господине Мустафа,

Пред се, многу ви благодарам за топлото добредојде и за поздравите.Од вашиот профил заклучив дека и вие сте преведувач од/на француски па се надевам на уште поблиска соработка.Јас сеуште учам како се работи преку Проз.Би сакала да ве праш
... See more
Почитуван господине Мустафа,

Пред се, многу ви благодарам за топлото добредојде и за поздравите.Од вашиот профил заклучив дека и вие сте преведувач од/на француски па се надевам на уште поблиска соработка.Јас сеуште учам како се работи преку Проз.Би сакала да ве прашам:
-дали се исплати да се вложат 129 долари?
-дали има поблизок контакт со потанцијалните клиенти или се оди преку мрежа?
-колку воопшто се бараат преведувачи од/на француски јазик?
Ви благодарам за Вашата спремност да ми одговорите.

Со почит,
Викторија К.Китановска
Collapse


 
Irena Kacarski-Kimova
Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
מקדוניה (הרפובליקה היוגוסלבית לשעבר של מקדוניה)
Local time: 08:13
מאנגלית למקדונית
+ ...
Поздрав Jul 11, 2009

Здраво Викторија,

добредојде на Проз. Ова е простор каде што се дружиме, разменуваме мислења, си помагаме... Секој нов и особено активен член е добредојден и од корист за целата заедница. Заедно сме посилни, нели?

поздрав,

Ирена


 
Sherefedin MUSTAFA
Sherefedin MUSTAFA
הולנד
Local time: 08:13
מהולנדית לאלבנית
+ ...
Лично искуство Jul 11, 2009

Здраво Викторија,

На вашето прво прашање, за жал, не би можел да дадам директрен одговор од проста причина што во животот ништо не е гарантирано па и на овој простор на кој секој се обидува да си најде начин како најдобро да се представи пред потенцијалните муштерии, д
... See more
Здраво Викторија,

На вашето прво прашање, за жал, не би можел да дадам директрен одговор од проста причина што во животот ништо не е гарантирано па и на овој простор на кој секој се обидува да си најде начин како најдобро да се представи пред потенцијалните муштерии, да ги дели своите искуства и ѕнаења со други колеги и да си го усоврши понатаму преведувачкиот занает.

Јас лично никогаш не сум се нашол во положба да почувствувам жал што сум се зачленил во оваа заедница. За се е потребно време, трпение и воља за усовршување, отвореност кон нови искуства, кон начинот на работа на другите, па и огромна доза на самокритика и спремност да се прифати реалноста дека сите заедно знаеме се, а секој од нас може секојдневно да учи од другите.

Верувајте дека секој член на нашава заедница е спремен да го подели она што го знае со другите и мислам дека тоа е најголемото богатство на овој форум.

Што се однесува до јазичните комбинации кои ги спомнавте мислам дека тие не се никаков исклучок и дека во денешниов свет на севкупна глобализација за добри преведувачи ќе има се повеќе и повеќе работа, особено за помалку застапени јазици како што е македонскиот. Понекогаш стекнувам впечаток дека некои колеги воопшто не се свесни за богатсвото кое го нуди македонскиот јазик и прифаќаат да работат за цени кои не секогаш се достојни за нашата професија иако и тоа, признавам. е работа на лично согледување на пазарот, лични околности и согледувања кои исто така треба да ги почитуваме.

Поздрав и пријатен викенд,

Шерефедин
Collapse


 
Kitanovska
Kitanovska
Local time: 08:13
מצרפתית למקדונית
+ ...
Благодарност Jul 13, 2009

Почитувани колеги,

Ви благодарам многу за вашата спремност за соработка и помош.Секако дека однапред се оградувам од било каков тип на егоизам напротив,доколку имате потреба од решавање на каков и да е проблем што се однесува до мојот јазичен пар, веднаш ќе ви одгов�
... See more
Почитувани колеги,

Ви благодарам многу за вашата спремност за соработка и помош.Секако дека однапред се оградувам од било каков тип на егоизам напротив,доколку имате потреба од решавање на каков и да е проблем што се однесува до мојот јазичен пар, веднаш ќе ви одговорам.
Многу поздрав до Ирена и Шерефедин кои се потрудија љубезно да ми одговорат.Доколку одите на одмор,Ви посакуван убаво да си поминете.Се читаме

Поздрав од Викторија
Collapse


 
Kitanovska
Kitanovska
Local time: 08:13
מצרפתית למקדונית
+ ...
Уште прашања Jul 18, 2009

Почитувани колеги,

Ве молам, некој накусо да ми објасни околу Blue Board и WWA. Многу читав на FAQ ама многу се опширни и се насочува да се побара помош од постари колеги.Па, доколку некој се потруди да ми одговори однапред му благодарам.

Викторија.К.Китановска


 
Sherefedin MUSTAFA
Sherefedin MUSTAFA
הולנד
Local time: 08:13
מהולנדית לאלבנית
+ ...
Неколку објаснувања Jul 20, 2009

Здраво Викторија,

Blue Board е вид на регистар кој служи како показател на нивото на професионалност на компании, друштва, агенции итн. кои нудат работа преку ProZ.com.
Поопширно објасување можете да најдете тука:
<
... See more
Здраво Викторија,

Blue Board е вид на регистар кој служи како показател на нивото на професионалност на компании, друштва, агенции итн. кои нудат работа преку ProZ.com.
Поопширно објасување можете да најдете тука:
http://mac.proz.com/faq/blue_board_outsourcer_database_/blue_board:_general.html#what_is_the_blue_board_

Доколку вие, на пример, сте добиле еден проект од некј нарачател преку ProZ.com тогаш может да внсете запис преку Blue Board на соодветниот нарачател. Тука можете накратко да се произнесете за тој нарачател на работа и да дадете вкупна оценка на степенот на вашето задоволство од таа соработка (1 до 5). На тој начин, значи, во профилот на секој нарачател на услуги може да се види и неговата општа оценка. Ако н.пр. видиме дека некој има оценка под 4, тогаш можеме да ги прочитаме записите/коментарите на другите колеги и врз основа на тоа да стекнеме увид во искуствоо кое други колеги го имале со тој нарачател.

Дали знаете дека ProZ.com е преведен и на Македонски јазик, благодарение на огромното залагање и труд на нашите ценети колеги? За да се служите со македонската верзија на сајтот потребно е да го селектирате јазикот на дното на почетната страница десно, покрај логото со картата на светот.

WWA, како што вели и самиот израз, подготвеност за повторна соработка, е место каде нарачателите на услуги можат да внесат записи за нивното искуство од соработката со некој од членовите на ProZ.com.

Се надевам дека успеав да ви ги објаснам овие две функции и дека нашите колеги ќе ме надополнат доколку сум пропуштил нешто што може да ви послужи.

Поздрав,
Шерефедин








[Edited at 2009-07-21 09:17 GMT]
Collapse


 
Kitanovska
Kitanovska
Local time: 08:13
מצרפתית למקדונית
+ ...
Учиме цел живот Jul 30, 2009

Здраво Шерефедин,

Огромно благодарам за објаснувањата.Навистина учиме цел живот,таква ни е професијата што сме ја одбрале.Сепак,јас уживам во можностите да се изразуваме и да комуницираме и со други луѓе кои не го познаваат нашиот мајчин јазик а посебно со колегите
... See more
Здраво Шерефедин,

Огромно благодарам за објаснувањата.Навистина учиме цел живот,таква ни е професијата што сме ја одбрале.Сепак,јас уживам во можностите да се изразуваме и да комуницираме и со други луѓе кои не го познаваат нашиот мајчин јазик а посебно со колегите од нашава фела.На овој начин и се зближуваме меѓусебно.Јас одам на одмор во август,некаде по 10-ти.Па се надевам и дека ќе се сретнеме повеќето на организираните средби кои веќе се најавени и на кои конечно ќе го организираме вистинското здружение на преведувачи.
Исто така голем поздрав до членовите на екипата која напорно работи на овој сајт и се труди да го направи што е можно подостапен за сите.
Поздрав,
Викторија
Collapse


 
Sherefedin MUSTAFA
Sherefedin MUSTAFA
הולנד
Local time: 08:13
מהולנדית לאלבנית
+ ...
Убава прилика Jul 30, 2009

Благодарам Викторија на поздравите.

Сосема се сложувам и ја користам приликата на сите вас, ценети колеги, да ви посакам пријатен летен одмор.

Знам дека за нашата „независна„ професија е тешко човек да одреди строга граница помеќу работа и одбор но се надева
... See more
Благодарам Викторија на поздравите.

Сосема се сложувам и ја користам приликата на сите вас, ценети колеги, да ви посакам пријатен летен одмор.

Знам дека за нашата „независна„ професија е тешко човек да одреди строга граница помеќу работа и одбор но се надевам дека сепак ќе си одвоиме малку време за да го посветите на заслужен одмор и дека ќе најдеме и време да им се посветите и на нашите најблиски и најсакани...

Срдечен поздрав од (не ќе верувате!) топлата Холандија,

Шерефедин
Collapse


 
Vlatko
Vlatko
Local time: 08:13
מאנגלית למקדונית
+ ...
Нов учесник Aug 5, 2009

Моето име е Влатко.
Поздав до новите модератори на мк. форумот.
Поздрав и до сите останати членови на форумов.
Јас претставувам нов пристапен член во пребарувањето и пронаоѓањето на договори за работен ангажман преку ваков начин на склучување договори за соработк
... See more
Моето име е Влатко.
Поздав до новите модератори на мк. форумот.
Поздрав и до сите останати членови на форумов.
Јас претставувам нов пристапен член во пребарувањето и пронаоѓањето на договори за работен ангажман преку ваков начин на склучување договори за соработка и извршување на услуги.
Досега имав постојан ангажман на локално ниво, кој во последните 6-8 месеци е во тотален пад и се пројави потреба да побарам друг начин за пронаоѓање на работен ангажман. Во основа, претпоставувам дека ќе имам многу прашања кои ќе ги доставам пред се до модераторите на мк. подфорумот како веќе искусни во оваа сфера на работа, а потоа ако е потребно и посочено од страна на модераторите како потребно и до тимот за подршка на proz.com. Се надевам дека ќе воспоставиме комуникација и соработка на ниво со високо меѓусебно почитување.
Collapse


 
Gabriela Nikolova
Gabriela Nikolova  Identity Verified
מקדוניה (הרפובליקה היוגוסלבית לשעבר של מקדוניה)
Local time: 08:13
מאנגלית למקדונית
+ ...
Добредојде за новиот учесник Aug 6, 2009

Почитуван колега,

Добредојдовте на македонскиот форум, каде што можете да разменувате информации, совети и прашања со останатите колеги - професионални преведувачи.

Иако нашиов форум е релативно нов, ќе се уверите дека истиот го посетуваат/сочинуваат профес�
... See more
Почитуван колега,

Добредојдовте на македонскиот форум, каде што можете да разменувате информации, совети и прашања со останатите колеги - професионални преведувачи.

Иако нашиов форум е релативно нов, ќе се уверите дека истиот го посетуваат/сочинуваат професионални преведувачи со долгогодишно искуство, кои се почитуваат и помагаат едни со други. Значи, слободно можете да се вклучите во сите дискусии на форумот и да нè контактирате за сè она што ви е потребно.

ProZ нуди многу можности за соработка, стекнување искуства и учење нови работи, како и меѓусебно дружење во форма на средби на преведувачи, конференции и обуки, и истиот е веќе локализиран и на македонски јазик.

Како најблиски средби на преведувачи кои би можеле да ги посетите, ви ги предлагам средбите на преведувачи во Скопје на 30-ти септември и во Штип на 28-ми ноеври. Повеќе за тоа можете да видите на следниве врски:

http://www.proz.com/powwow/2713 и http://www.proz.com/powwow/2782

Ви стоиме на располагање за сè што ве интересира.

Поздрав,
Габи
Collapse


 
Jasna Trandafilovska
Jasna Trandafilovska  Identity Verified
Local time: 09:13
מאנגלית למקדונית
+ ...
Уште еден нов член на ПроЗ заедницата Sep 17, 2010

Во стварност и не сум баш најнов член, но бидејќи веќе и официјално се зачленив во заедницата, сметам дека е ред да ви се претставам и да ве поздравам сите.

Името ми е Трандафиловска Јасна, битолчанка по потекло, а од својата 30-та година живеам, работам и како и сите вас,
... See more
Во стварност и не сум баш најнов член, но бидејќи веќе и официјално се зачленив во заедницата, сметам дека е ред да ви се претставам и да ве поздравам сите.

Името ми е Трандафиловска Јасна, битолчанка по потекло, а од својата 30-та година живеам, работам и како и сите вас, „се борам за своето место под сонцето“ во Грција. И не можам да се пожалам - во градот каде што живеам има мноооогу сонце .

Што се однесува до економската состојба - нема потреба да ви кажувам ништо, во Македонија сте добро информирани за се што се случува овде.
Исто така, цените за превод од англиски на грчки (најчеста јазична комбинација), се страшно ниски - 0,03 Евра од збор. Преведувачите, со цел да се прилагодат на постојано зголемените потреби од стручни преведувачи, мораат постојано да пратат нови и нови курсеви за дообука, што, и не е воопшто лошо, но сето тоа кошта и прашање е дали секој може да си го дозволи тоа. Индикативно, една школа (приватна) кошта околу 3.000 Евра. Опфаќа општи знаења за преведувањето и две посебни целини по избор на студентот, на пример хуманистички или природни науки, економија, маркетинг, терминологија на ЕУ. Кога на сето тоа ќе додадеш и Традос или некој друг софтвер...ти се врти во главата.

Сеуште не можам да проценам дали инвестицијата во моето школување или во ПроЗ ќе се исплати, но не останува ништо друго освен да се види, нели? За почеток, можам да кажам дека е прилично добро!!!

Нема потреба да кажам дека сте добредојдени за било каква помош што е во мојот јазичен домен - тоа се подразбира!

Се надевам дека ќе успеам да се ослободам од секојдневните обврски и да дојдам во Скопје на средбата, па ќе се запознаеме и одблиску.

Дотогаш, голем поздрав
Collapse


 
Gabriela Nikolova
Gabriela Nikolova  Identity Verified
מקדוניה (הרפובליקה היוגוסלבית לשעבר של מקדוניה)
Local time: 08:13
מאנגלית למקדונית
+ ...
Добредојде, цени и инвестиции :) Sep 17, 2010

Здраво Јасна,

Најпрвин, срдечно добредојде на нашиов македонски форум. Би сакала да истакнам дека, како модератор (заедно со Билјана), ти стојам на располагање за каква било помош во врска со страницава и сите други прашања од твој интерес.

Сигурна сум дека инв�
... See more
Здраво Јасна,

Најпрвин, срдечно добредојде на нашиов македонски форум. Би сакала да истакнам дека, како модератор (заедно со Билјана), ти стојам на располагање за каква било помош во врска со страницава и сите други прашања од твој интерес.

Сигурна сум дека инвестицијата во членарината за Проз ќе ти се исплати, а лично, мислам дека секое инвестирање во самите нас е долгорочна инвестиција, којашто кога и да е, ќе се исплати сама по себе. Прашањето е кој колку може да си дозволи да инвестира во себе и кој колку смета дека му е тоа потребно, но, тоа се веќе индивидуални прашања и убедувања.

Токму од тој аспект, на инвестирање во себе, посетување најразлични курсеви, школи, конференции и обуки, сметам дека цените што ги спомнуваш се премногу ниски и навистина би сакала оваа состојба некако да се измени. Но очигледно дека на некој начин, самите си придонесуваме за ваквата состојба. За пример ќе ја спомнам последната понудена работа на Проз за превод на македонски јазик, на којашто беше наведена некоја смешна цена за околу 3 евра по страница. Да биде уште потрагично, на истата видов и дека имаше една понуда од македонски преведувач (нормално, секој има право да понуди цена за којашто мисли дека ќе му одговара).

Се надевам дека самите ќе сфатиме дека треба малку повеќе да си ја цениме својата работа и напор, и дека во овие сепак, кризни времиња, ќе успееме да си ја подобриме состојбата.

Би било убаво да се сретнеме на некоја од средбите на преведувачи, а убава прилика за учење нови работи, споделување искуства и запознавања, ќе биде и виртуелната конференција на Проз којашто е одамна објавена и за којашто веќе имаше информација и на нашиов форум.

Поздрав и до скоро видување,
Габи
Collapse


 
Post removed: This post was hidden by a moderator or staff member for the following reason: The poster required his post to be hidden
דפים בנושא:   [1 2] >


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

מנהלי פורום זה
Milena Chkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Сосем нова на ПроЗ






LinguaCore
AI Translation at Your Fingertips

The underlying LLM technology of LinguaCore offers AI translations of unprecedented quality. Quick and simple. Add a human linguistic review at the end for expert-level quality at a fraction of the cost and time.

More info »
TM-Town
Manage your TMs and Terms ... and boost your translation business

Are you ready for something fresh in the industry? TM-Town is a unique new site for you -- the freelance translator -- to store, manage and share translation memories (TMs) and glossaries...and potentially meet new clients on the basis of your prior work.

More info »